Достапни линкови

logo-print

Провинциски избори во Ирак


Во Ирак денеска се одржуваат провинциски избори, први избори по повлекувањето на американските сили на крајот на 2011 година. Кандидатите од 50 политички блокови се борат за 378 функционерски места. На гласањето се гледа како на важен тест за политичките партии во пресрет на парламентарните избори што треба да се одржат наредната година. Имаше многу насилства во предизборната кампања, а властите го одложија гласањето во две доминантно сунитски провинции поради безбедносни прашања. Не се гласа ниту во етнички мешаната провинција Киркук и во автономната област Курдистан на северот на Ирак.
XS
SM
MD
LG