Достапни линкови

МОСТ ќе го следи гласањето со 130 набљудувачи


Извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.

Извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.

Граѓанската асоцијација МОСТ со околу 130 набљудувачи ќе го набљудува утрешното прегласување на 29 избирачки места во општина Центар, девет во општина Струга и на едно во општина Ѓорче Петров, како и вториот круг на гласањето на 20 гласачки места од вкупно 39 во Долнени.

Покрај овие набљудувачи, МОСТ ќе има распоредено и мобилни тимови, кои ќе служат како логистичка поддршка на статичните. МОСТ покрај гласањето во недела, го набљудува и денешното предвремено гласање во четирите општини.

Проектот „Домашно набљудување на Локалните избори 2013“ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ и е поддржан од Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија и Амбасадата на Кралството Норвешка од Белград, Србија.
XS
SM
MD
LG