Достапни линкови

Судење на руски мафијаши во Њујорк


Илустрација.

Илустрација.

Околу 30 луѓе кои се обвинети во Њујорк за, како што се наведува, руски организирани криминални операции како што се нелегално коцкање, односно нелегално организирање покер натпревари со високи влогови, се изјаснија како невини. Тие вчера биле изведени пред судот во Њујорк. Властите соопштија дека меѓу играчите на покер имало професионални спортисти и холивудски ѕвезди, но не соопштија имиња. Истрагата за перење пари доведе до апсења во Њујорк, Лос Анџелес и Мајами.
XS
SM
MD
LG