Достапни линкови

logo-print

Две недели притвор за Мушараф


Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф.

Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф.

Антитерористичкиот суд во Исламабад утрово му одреди на поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф две недели притвор. Тој беше уапсен вчера. Мушараф се соочува со обвиненија за нелегално разрешување судии во 2007 година кога прогласи вонредна состојба и го суспендираше Уставот. Тој преку Фејсбук ги нарече обвиненијата политички мотивирани. Мушараф се врати во Пакистан во март со намера да се кандидира на парламентарните избори на 11 мај, но беше дисквалификуван од изборната трка. Мушараф дојде на власт во 1999 година по воениот удар кој помина мирно и остана на функцијата до 2008 година.
XS
SM
MD
LG