Достапни линкови

Најмалку 100 загинати во земјотрес во Кина


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 100 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 6,6 степени што утрово ја погоди југозападна Кина. Кинеската новинска агенција Ксинхуа објави дека жртвите се од провинцијата Сичуан и оти се очекува бројот на загинати да расте. Повеќе од 2.200 луѓе се повредени, 147 од нив сериозно. Епицентарот на земјотресот бил во државата Лушен, но се почувствувал и во соседните држави и провинции. Државните кинески медиуми објавија дека повеќе од 6.000 војници се вклучиле во спасувачката мисија. Во земјотрес со јачина од 8 степени во провинцијата Сичуан во мај 2008 година загинаа скоро 90 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG