Достапни линкови

По експлозијата во Тексас, откриени 12 тела на загинати


Властите во Тексас соопштија дека откриле тела на 12 загинати од големата експлозија во една фабрика за ѓубрива во гратчето Вест во близина на Вако. Прецизирано е дека во експлозијата биле повредени над 200 луѓе. Властите наведуваат и тоа дека немало индикации оти станува збор за нешто друго од индустриска несреќа.
XS
SM
MD
LG