Достапни линкови

Продлабочување на соработката меѓу МО и КБС


Талат Џафери

Талат Џафери

Воспоставената соработка меѓу Министерството за одбрана на Македонија и Косовските безбедносни сили е на највисоко ниво и ќе продолжи да се интензивира, заклучија денеска по средбата во Приштина министерот на КБС Агим Чеку и македонскиот министер Талат Џафери, кој се наоѓа во прва официјална посета на Косово како министер за одбрана. Џафери и Чеку информираа дека ќе бидат разменувани искуства во однос на спроведување на НАТО стандардите, ќе продолжи школувањето кадри во Воената академија во Скопје и во центрите за обука, но и на експертско ниво.
XS
SM
MD
LG