Достапни линкови

Потпишани договори меѓу Македонија и Азербејџан


Продлабочувањето на економските односи преку презентирање на можностите за инвестиции и олеснувањето на процедурите за економската соработка меѓу Македонија и Азербејџан беа во фокусот на денешната средба во Баку меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот домаќин премиерот Артур Раси Заде. Во таа насока, како што е соопштено, било склучувањето на двата договора: првиот за одбегнување на двојното оданочување и заштита на фискална евазија во однос на даноците од доход и данокот на капитал и вториот за поттикнување и заемна заштита на инвестиции.
XS
SM
MD
LG