Достапни линкови

Напаѓачите од Бостон од Северен Кавказ?


Двајцата осомничени за бомбашкиот напад на маратонската трка во Бостон, како што јавија дел од американските медиуми, дошле од близина на Чеченија и во Соединетите држави престојувале една година. Се додава дека напаѓачите биле браќа. Потврдено е дека еден од нив денеска бил убиен во полициска акција, додека по другиот се уште се трагало. Според полицијата, тие биле одговорни и за денешното убиство на еден полицаец во Технолошкиот институт на Масачусетс во Кембриџ недалеку од Бостон. ФБИ синоќа објави фотографии на двајцата осомничени кои биле сликани во понеделникот во близина на местото на нападот на бостонскиот маратон при што загинаа три лица, а над 170 беа ранети.
XS
SM
MD
LG