Достапни линкови

Комисијата за 24 декември чека лидер


Опозицијата се врати во Собранието.- 02 март 2013

Опозицијата се врати во Собранието.- 02 март 2013

Изминатиот период на маса биле ставени имињата на десет експерти, но за ниеден од нив, од разни причини, партиите не успеале да се усогласат да го изберат за претстедател на експертската комисија која треба да ги расчисти настаните во и околу Собранието на 24 декември.

Во политичките партии изјавуваат дека има напори што поскоро да се формира Комисијата за расчистување на настаните во и околу Собранието, меѓутоа сега се чека да се види дали некои од личностите што биле предложени за претседател ќе прифатат да ја извршуваат таа функција.
Се додека државните интереси се во втор план, а партиските на прв план, не може да зборуваме за зрел политички дијалог, а тоа пред се е обврска на власта, не е опозицијата таа што во демократски општества го иницира политичкиот дијалог.

ВМРО-ДПМНЕ пред два дена излегле со предлог за претседател на Комисијата кој дава надеж дека ќе биде објективен, но дали тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати е прашање, коментираат во опозициските партии.

„СДСМ прво чека да види дали тој предлог е реален, а потоа ќе се произнесе за предлогот, но на прва не го одбиваме“, изјави Андреј Петров од СДСМ кој додаде дека од нивна страна има расположение што поскоро да се формира Комисијата.
24 декември 2012.

24 декември 2012.


Тито Петковски од НСДП не верува дека ќе дојде до компромис ако ВМРО-ДПМНЕ инсистира на чело на Комисијата да биде човек близок на партијата, додавајќи дека од тоа зависи дали ќе има политичка одговорност за настаните на 24 декември.
Предложен е еден човек кој барем како што настапува јавно, подеднакво критички се однесува и кон СДСМ и кон ВМРО-ДПМНЕ, дали тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати тоа е прашање, но неверувам дека може да се договорат тие две политички партии.

„Предложен е еден човек кој барем како што настапува јавно, подеднакво критички се однесува и кон СДСМ и кон ВМРО-ДПМНЕ, дали тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати тоа е прашање, но неверувам дека може да се договорат тие две политички партии бидејќи СДСМ ќе инсистира на доследност во врска со одговорноста, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја игнорира одговорноста на 24 декември и единствено решение може да биде некој странски авторитет.“

Изминатиот период на маса биле ставени имињата на десет експерти, но за ниеден од нив, од разни причини, партиите не успеале да се усогласат да го изберат за претстедател на Експертската комисија.

Евро-комесарот за проширување Штефан Филе во Скопје јавно им забележа на политичките партии дека треба да ги исполнат обврските од договорот од први март за решавање на политичката криза и изрази загриженост што се уште не е имплементиран. Филе исто така изјави дека е важно политичките партии да потпишат меморандум за посветеност на евроинтегративните процеси.

Опозицијата обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ долго време организира начин како да го заобиколи дијалогот за прашања што се однесуваат на државните интереси.

„Се додека државните интереси се во втор план, а партиските на прв план, не може да зборуваме за зрел политички дијалог, а тоа пред се е обврска на власта, не е опозицијата таа што во демократски општества го иницира политичкиот дијалог“, изјави Андреј Петров.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG