Достапни линкови

70 години од востанието во Варшавското гето


Со звуци на сирените и црковни ѕвона, денеска во 10 часот во Варшава, со минута молчење им беше оддадена почит на жртвите од востанието во Варшавското гето за време на нацистичка Германија. На денешен ден, во 1943-та година, евреите во гетото започнаа вооружен бунт против одлуката за ликвидација на гетото и транспорт на евреите во гасни комори во логорите Треблинка, Мајданек и Аушвиц. Германските војници го задушиле востанието, а гетото било срамнето со земја. 70-годишнината од востанието во Еврејското гето, во Варшава ќе се одбележува и во наредните денови во присуство на многубројни гости.
XS
SM
MD
LG