Достапни линкови

Уапсени 3 лица за инцидентот на фармата со јагоди во Грција


Грчката полиција уапсила три лица, осомничени за пукањето врз имигрантски работници на една плантажа за јагоди, при што раниле 30-тина лица. Приведените се обвинети за пукање врз околу 200 работници кои се собрале да протестираат за неисплатените плати. Вчера беша уапсен и сопственикот на фармата. Грчката влада го осуди овој инцидент, но синдикатите истакуваат дека овој е само еден од многуте примери на малтретирање на имигрантските работници во Грција, кои често се третираат како робови.
XS
SM
MD
LG