Достапни линкови

Убиен еден од осомничените за експлозиите во Бостон


Од акцијата на полицијата, Ватертаун, 19.04.2013

Од акцијата на полицијата, Ватертаун, 19.04.2013

Американската полиција соопшти дека едниот осомничен за експлозиите на маратонот во Бостон бил застрелан во престрелката со полицијата во местото Ватертаун, во близина на Бостон, а другиот успел да побегне и во тек е потрагат по него. На жителите им е препорачано да не се доближуваат до прозорците и да не отвораат никому. Претходно, во кампусот на Институтот за технологија Масачусетс бил застрелан еден полицаец, по што започна масовна акција на полицијата во потрага по осомничените. Еф Би Ај синоќа објави фотографии и видео снимки од двајца осомничени за подметнувањето бомби на Бостонскиот маратон, наведувајки дека се вооружени и опасни.
XS
SM
MD
LG