Достапни линкови

Делегацијата на ЕУ ќе го следи и прегласувањето во недела


Продолжуваме внимателно да го следиме изборниот процес, вклучувајќи го и прегласувањето. Очекуваме прегласувањето да мине во слободна и добро организирана атмосфера, истакнуваат од Делегацијата на Европската унија во Скопје во пресрет на неделното прегласување на вториот круг од локалните избори во општина Центар, во Струга и во Ѓорче Петров, и втор круг во Долнени, јави МИА. Откако ќе завршат изборите очекуваме од властите да започнат со имплементација на претходните препораки на ОДИХР, како и на препораките од конечниот извештај на ОБСЕ /ОДИХР, наведуваат од ЕУ.
Во недела од 7 до 19 часот вториот круг од локалните избори ќе се повтори на 29 избирачки места во скопската општина Центар, на девет во Струга и во едно во скопската општина Ѓорче Петров. Втор круг од локалните избори ќе има во општина Долнени на 39 избирачки места.
XS
SM
MD
LG