Достапни линкови

logo-print

Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина во Брисел


Делегации на Белград и на Приштина предводени од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел ќе водат нова рунда на преговори со посредство на ЕУ. Разговорите се во насока на постигнување договор за нормализирање на врските меѓу Србија и Косово и решавање на статусот на српското малцинство на Косово. Се очекува договорот да го отвори патот на Србија кон членство во ЕУ. Претходниот состанок во средата заврши без договор. Шефицата на дипломатијата на ЕУ Кетрин Ештон под чие посредство се одвива дијалогот, се надева дека може да се постигне договор пред состанокот на ЕУ во понеделник, кога ќе се дискутира за Србија.
XS
SM
MD
LG