Достапни линкови

Ештон ја откажа посетата на Хрватска


Ештон за време на посетата на Сребреница, 18 април 2013.

Ештон за време на посетата на Сребреница, 18 април 2013.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон синоќа ја откажа планираната посета на Хрватска. Тоа требаше да биде прва официјална посета на Ештон на Хрватска, во рамките на која беа предвидени средби со претседателот Иво Јосиповиќ и хрватската министерка за надворешни работи и за европски прашања Весна Пусиќ. Не се познати причините зошто посетата е откажана. Претходно Ештон беше во посета на Сараево, од каде требаше да отпатува за Загреб. Хрватска од 1 јули ќе стане земја членка на ЕУ.
XS
SM
MD
LG