Достапни линкови

Мушараф во домашен притвор


Поранешниот воен владетел на Пакистан Первез Мушараф е во домашен притвор, откако денеска беше изведен во суд. Адвокатите на Мушараф соопштија дека ќе поднесат жалба. Претходно телевизиски снимки покажаа дека Мушараф придружувани од страна на униформирани полициски службеници е изведен пред судот во Исламабад. Мушараф вчера ја избегне наредбата на Врховниот суд за негово апсење и успеал да им побегне на полицајците и да се засолни во неговиот високо обезбеден дом на периферијата на главниот град.
Тој владееше со Пакистан по државниот удар во 1999 се до 2008-та кога беше принуден да се повлече од власта. Мушараф се соочува со обвиненија во врска со разрешување на судии во 2007 година, кога воведе вонредна состојба. Тој беше во егзил, но се врати во Пакистан во март со намера да учествува на изборите кои треба да се одржат во мај, но беше дискфалификуван.
XS
SM
MD
LG