Достапни линкови

logo-print

ОН - Во Сирија владее хуманитарна катастрофа


Во Сирија владее хуманитарна катастрофа, соопштуваат од ОН. Високата претставничка за хуманитарни прашања на ОН, Валери Амос вели дека во погодената од војни Сирија на околу 6,8 милиони луѓе им е потребна помош. Според податоците не ОН од вкупно 22 милиони жители на Сирија, повеќе од 4 милиони се раселени низ земјата, а околу1, 3 милиони ја напуштиле Сирија поради конфликтот. Амос вели дека најмногу страдаат цивилите. Советот за безбедност на ОН одобри необврзувачката изјава во која се бара крај на насилството и со која се повикуваат сите страни во конфликтот да дозволат хуманитарните агенции да работат во рамките на Сирија. Русија и Кина не дозволуваат Советот за безбедност да презеде чекори за посилна меѓународна акција во Сирија.
XS
SM
MD
LG