Достапни линкови

logo-print

Средба Морси - Путин во Русија


Египетскиот претседател Мохамед Морси денеска треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата официјална посета на Русија. Тие треба да се сретнат во црноморското одморалиште Сочи. Портпаролот на Путин, Дмитри Песков, изјави дека се очекува во фокусот на разговорите да биде економската соработка. Руските туристи се едни од најбројните во египетските одморалишта секоја година. Ова ќе биде прва посета на Морси, кој има поддршка од исламистите, на Русија откако ја презеде претседателската функција во јуни 2012 година. Морси е силен противник на режимот на Башар ал-Асад во Сирија, додека Русија е еден од најголемите сојузници на Асад.
XS
SM
MD
LG