Достапни линкови

ФБИ објави фотографии од осомничените за нападите во Бостон


ФБИ објави фотографии и видео снимки од двајца мажи за кои истражителите се сомневаат дека можеби биле вмешани во бомбашките напади на Бостонскиот маратон. На снимките се гледаат двајца мажи што носат темни јакни и ранци. Шефот на истрагата, агентот Рик Делорие, ја повика јавноста да помогне да ги најдат осомничените за да може да бидат сослушани. Тој рече дека осомничените се сметаат за вооружени и опасни. Во нападите на 15 април на маратонот во Бостон загинаа тројца луѓе, а околу 170 беа ранети. Властите се сомневаат дека експлозиите се предизвикани од домашно изработени бомби кои биле оставени во ранци или торби.
XS
SM
MD
LG