Достапни линкови

logo-print

Полска - 70 години од востанието во варшавското гето


Полска - Варшавско гето, фотографијата е снимена во периодот меѓу 11/11/1941 и 16/04/1942.

Полска - Варшавско гето, фотографијата е снимена во периодот меѓу 11/11/1941 и 16/04/1942.

Во Варшава со низа комеморации денеска се одбележуваат 70 години од денот кога стотици лесно вооружени еврејски борци се кренале против многу поголемата германска војска. Главниот еврејски револт против нацистите за време на Втората светска војна започнал на 19 април 1943 година и траел околу еден месец кога силите на Адолф Хитлер ја задушиле побуната. Илјадници Евреи загинале во востанието, а десетици илјади преживеани биле испратени во логорите на смртта.

Полскиот претседател Бронислав Коморовски ќе присуствува на комеморацијата пред Споменикот на хероите од варшавското гето. Се очекува на комеморацијата да присуствуваат и некои од преживеаните ветерани од востанието. Пред востанието нацистите испратиле околу 300 илјади жители на Варшава во концентрациони логори.
XS
SM
MD
LG