Достапни линкови

Обама им одаде почит на жртвите во Бостон


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама е во посета на Бостон за да им одаде почит на жртвите од бомбашкиот напад на маратонот, кој секоја година традиционално се одржува во градот. Обама за време на службата пред насобраната толпа изјави дека духот на Бостон е бесстрашен.
Три лица загинаа, а околу 170 беа повредени при двете експлозии на целната линија на маратонот. Властите соопштија дека имаат фотографија од најмалку еден осомничен за нападот, која била сликана од безбедносните камери. Фотографијата се уште не е јавно објавена и никој не е уапсен за инцидентот.
XS
SM
MD
LG