Достапни линкови

logo-print

Медиумите и невладините ретко соработуваат


Постојат проблеми и кај невладините и кај медиумите при што како крајна последица се појавува реткото заедничко лобирање за една тема, се заклучува од истражувањето што го спроведе МИМ.

Како невладините организации и медиумите да соработуваат подобро во интерес на подобрување на човековите права. На оваа тема Македонскиот институт за медиуми ги повика да дебатираат и едните и другите користејќи ги како повод и сопственото истражување спроведено со претставници од двете страни.
И едните и другите се исполитизирани што ја нарушува нивната доверба кај граѓаните.

Постојат проблеми и кај едните и кај другите при што како крајна последица се појавува реткото заедничко лобирање за една тема, се заклучува од истражувањето што го спроведе МИМ.

Невладините организации не знаат да го привлечат интересот на медиумите или да ја спакуваат приказната така што ќе биде интересна за нив, а медиумите, пак, за темите од областа на човековите права се интересираат трендовски и не располагаат со новинари обучени за оваа проблематика.

И едните и другите се исполитизирани што ја нарушува нивната доверба кај граѓаните, заклучува Весна Никодиновска која го презентираше истражување на Македонскиот институт за медиуми.
Оставете ги заедно медиумите и невладините организации, обучете ги заедно, нека се напијат една чаша вино заедно. Понатаму тие повеќе ќе бидат расположени да зборуваат едно со други.

Не е непознат проблемот и за медиумите во регионот, илустрираа гостите од Романија Јоана Авадани и Пол Раду кои изложуваа на темата како граѓанското општество и медиумите и институциите можат да соработуваат за повисоки цели.

„Оставете ги заедно медиумите и невладините организации, обучете ги заедно, нека се напијат една чаша вино заедно. Понатаму тие повеќе ќе бидат расположени да зборуваат едно со други“, препорачува Авадани која го претставува Центарот за независно новинарство од Романија.

Покажувајќи разбирање за уредувачките и кадровските капацитети на медиумите како и за нивната потреба да и бидат интересни на јавноста.

Интернетот, пак, им дава нова димензија на процесите и тие овозможуваат афирмација на човековите права без при тоа да се биде зависен од медиумите, порачуваат гостите од Романија, теза која на исклучително интересен начин ја поддржа новинарот, Пол Раду. За таа цел е исклучително важно да се соработува со компјутерски програмери, за да се добие на транспарентност, обезбедување докази и визуелизација на информацијата.

„Ако го ставиме тука пример името на претседателот на Азербејџан, ќе најдеме неколку луѓе кои го носат презимето Алиев кои имаат компании во Панама, првите две се на ќерките на претседателот, а третата е на сопругата на претседателот.“

Понуди конкретни примери за пласирање на истражувањата Романецот Раду.
XS
SM
MD
LG