Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ падна во Могила


Стево Пивковски, градоначалник на Могила.

Стево Пивковски, градоначалник на Могила.

Могила е единствената општина во преспанско-пелагонискиот регион каде новоизбраниот градоначалник не е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Могила е единствената општина во преспанско-пелагонискиот регион каде новоизбраниот градоначалник не е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Стево Пивковски е еден од двајцата градоначалници на општини во Македонија, кои единствено победија на локалните избори како независни кандидати. Пивковски успеа од градоначалничката фотелја по 16 години владеење да го турне Славко Велевски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е доказ дека никој не може да биде посилен од волјата на народот. Тоа го покажаа граѓаните на општина Могила.

Во оваа општина се водеше жестока предизборна битка, во која се вклучи и премиерот Груевски упатувајќи серија навреди на адреса на Пивковски.

„И покрај сите понижувања, јас сум многу воздигнат, а во Могила победи демократијата. Ова е доказ дека никој не може да биде посилен од волјата на народот. Тоа го покажаа граѓаните на општина Могила“, изјави Пивковски, новиот градоначалник на Могила.
Славко Велевски, поранешен градоначалник на Могила.

Славко Велевски, поранешен градоначалник на Могила.


По примопредавањето на функцијата, тој влезе во општинската зграда која пред да замине комплетно ја реновира стариот градоначалник.
Да се потруди она што го ветил пред граѓаните да го реализира.

„Ова е нова зграда, тоа е добро за мене, еве направено е нешто што не треба јас да го работам. Во таа општинска зграда со моето влегување ќе видам дали има недоследности, некои работи кои треба да ги доработам. Не е целта да се победи стариот градоначалник, туку новиот да покаже нешто повизуелно за општината и да го остварам тоа што го кажував во кампањата“, додава Пивковски.

Претходниот градоначалник Велевски му порача:

„Да се потруди она што го ветил пред граѓаните да го реализира. Бидејќи ветувањето е голема обврска и граѓаните ќе го паметат она што е кажано, а не е реализирано. Во изминатиот период јас многу внимавав на ветувањата, некои ќе речат дека бев скржав. Но, мудро е малку да се ветува, а повеќе да се работи.“

Пивковски порано беше член на ВМРО-ДПМНЕ, но откако најави независна кандидатура беше исклучен од партијата. Како градоначалник го очекува неизвесна соработка со општинскиот Совет, со оглед на распоредот на силите, каде 5 советници се од ВМРО-ДПМНЕ, 1 од ДОМ, 3 од СДСМ и 2 независни советници.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG