Достапни линкови

logo-print

Кацин очекува договор меѓу Србија и Косово


Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин денеска изјави дека Приштина и Белград се трудат и бараат можен компромис и верува дека за неколку дена или часа ќе најдат решение. Според Кацин, ЕП ги поддржува напорите на Србија што е можно побрзо да почне во отворање на поглавјата 23 и 24, што значи дека земјата треба да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Тој порача дека на крајот ќе мора да ја разбудат и Македонија која веќе осум години има статус на кандидат, а се уште нема направено историски компромис, кој би и овозможил да добие датум.
Кацин појасни дека очекува в понеделник, на 22 април, сето ова да го земат предвид и министрите за надворешни работи на ЕУ. Европскиот парламент денеска со големо мнозинство го усвои извештајот за напредокот на Србија кон ЕУ и и предложи на Европската комисија да и додели на земјата датум за почеток на преговорите.
XS
SM
MD
LG