Достапни линкови

logo-print

Грција ги бара виновниците за напад на странски работници


Грчките власти ветија дека ќе бидат казнети виновниците за нападот на странски работници на плантажа со јагоди на островот Пелопонез. Портпаролот на грчката Влада Симос Кедикоглу го нарече нападот нечовечен и срамен.
Полицијата трага по тројцата надзорници, кои синоќа отвориле оган врз околу 200 странски работници од Багладеш и Пакистан, кои протестирале да им бидат исплатени платите за последните шест месеци.
XS
SM
MD
LG