Достапни линкови

Пакистанскиот суд бара објаснување за бегството на Мушараф


Первез Мушараф

Пакистанскиот суд побара од началникот на полицијата во Исламабад да објасни како поранешниот воен лидер на земјата Первез Мушараф успеал да ја избегне наредбата за негово апсење. Претходно Врховниот суд нареди 69 годишниот Мушараф да биде уапсен.
Полицијата била распоредена во судот, но телохранителите на Мушараф успеале да го изнесат од зградата пред да биде уапсен. Тој се упатил во неговиот високо обезбеден дом на периферијата на главниот град.
XS
SM
MD
LG