Достапни линкови

logo-print

Домашни фирми ќе инвестираат 40 милиони евра во Тетово


Домашните компании „Ренова“ и „Електрометал“ ќе реализираат инвестиција вредна 40 милиони евра во Тетово со која ќе бидат отворени нови стотици вработувања. Станува збор за повеќенаменски комплекс кој содржи неколку станбени објекти, трговски центар, луксузен хотел, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот и 400 паркинг места на површина од 60 000 метри квадратни.
Официјалното отварање е предвидено во октомври годинава. Инвеститорите најавуваат дека ќе бидат присутни повеќе интернационални и домашни брендови.
XS
SM
MD
LG