Достапни линкови

Пакистан: наредено апсење на Мушараф


Первез Мушараф

Первез Мушараф

Судот во Пакистан нареди апсење на поранешниот воен лидер на таа земја Первез Мушараф. 69 годишниот пензиониран генерал денеска бил присутен во судот во Исламабад, но откако ја слушнал пресудата веднаш заминал. Полицијата била распоредена во судот, но телохранителите на Мушараф успеале да го изнесат од зградата пред да биде уапсен. Тој е обвинет за суспендирање на Уставот. Мушараф се врати во Пакистан по доброволниот егзил во странство за да учествува на парламентарните избори закажани за 11 идниот месец.
XS
SM
MD
LG