Достапни линкови

Над 20 странски работници ранети во Грција


Над 20 странски работници биле ранети синоќа во пукотници во градот Неа Манолада на Пелопонез, откако од работодавците барале исплата на своите неисплатени плати. Околу 200 странски работници кои работеле во расади со јагоди се судриле со тројца Грци кои ги претставувале работодавците. Еден од тројцата почнал да пука кон насобраните работници и околу 20 од нив се ранети, соопшти полицијата. Грчката полиција го уапси сопственикот на расадот и продолжи да трага по тројцата Грци кои го започнале судирот и побегнале.
XS
SM
MD
LG