Достапни линкови

Голем број жртви во експлозија во Тексас


Многумина загинати и повредени во експлозијата што се случила во една фабрика за ѓубрива во близина на градот Вако во Тексас.

Причината за експлозијата во местото Вест недалеку од Вако, кое има 2700 жители, засега не е позната, а пожари беснееле на неколку згради.

Има над десетина целосно уништени и пеесетина делумно разурнати куќи. Не сум видел нешто вакво досега.
„Има над десетина целосно уништени и пеесетина делумно разурнати куќи. Не сум видел нешто вакво досега“, изјави локалниот шериф Парнел Мекнамара, додавајќи дека местото личело на воена зона.

​Локалните телевизии јавуваат дека големо подрачје околу фабриката било целосно уништено.

Медицински лица соопштија дека над сто луѓе биле третирани од тешки изгоретини, но и од други повреди.

Гувернерот на Тексас Рик Пери издаде соопштение во кое наведува дека ги мобилизира државните ресурси за да им помогне на локалните власти да се справат со инцидентот.

Претставник на Белата Куќа изјави дека ја следат ситуацијата и оти подготвуваат соодветни мерки за помош.

До експлозијата дојде на два дена пред 20 годишнината од пожарот во Вако, во седиштето на Давидијан сектата на Дејвид Кореш и неговите следбеници, со што заврши опсадата од страна на федералните служби на тоа место. Притоа загинаа 82 членови на сектата и четворица агенти.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG