Достапни линкови

logo-print

Најголемите критики од ЕУ за слободата на медиуми


Во извештајот на ЕК е наведено дека сè уште ништо не е постигнато околу заложбите кои произлегоа од договорот на 1 март според кои Владата треба да го врати дијалогот со новинарите на маса.

Најголемите критики во пролетниот европски извештај за напредокот на Македонија се насочени кон слободата на медиумите. Во извештајот е наведено дека сè уште ништо не е постигнато околу заложбите кои произлегоа од договорот на 1 март според кои Владата треба да го врати дијалогот со новинарите на маса, кој што беше прекинат со настаните на 24 декември. Довербата мора да се врати, пишува во извештајот. Внимание е посветено и на новиот закон за медиуми во кој Комисијата констатира дека нема вклученост на сите засегнати страни во носењето на законот.
Суштински е процесот во однос на носењето на нова регулатива за медиумите да биде инклузивен и да ги вклучува сите страни. Нема напредок во однос за зголемувањето на транспарентноста на владините реклами, кое исто така беше дел од дијалогот.

„Суштински е процесот во однос на носењето на нова регулатива за медиумите да биде инклузивен и да ги вклучува сите страни. Нема напредок во однос за зголемувањето на транспарентноста на владините реклами, кое исто така беше дел од дијалогот“, е пишува во извештајот.

Здружението на новинарите преку писмена реакција истакна дека министерот за информатичко општество Иво Ивановски направи добар чекор со најавата за продолжување на јавната дебата за Законот за медиуми. Сегашното соопштение не е не е во сооднос со претходно побараниот рок за сериозна дискусија од страна на ЗНМ.
Иако нашето барање беше дебатата да трае 3-5 месеци за да се овозможи сериозен инпут и дискусија околу предложените решенија, сепак сметаме дека Владата овозможува поразумен рок од претходно најавениот. Ќе направиме сè што е во наша моќ на конструктивен начин да го коментираме предложениот текст. Го повикуваме Министерството на поголема отвореност и еднаков третман на сите актери во заедницата со можност сите забелешки да се вкрстат на јавна сцена.

„Иако нашето барање беше дебатата да трае 3-5 месеци за да се овозможи сериозен инпут и дискусија околу предложените решенија, сепак сметаме дека Владата овозможува поразумен рок од претходно најавениот. Ќе направиме сè што е во наша моќ на конструктивен начин да го коментираме предложениот текст. Го повикуваме Министерството на поголема отвореност и еднаков третман на сите актери во заедницата со можност сите забелешки да се вкрстат на јавна сцена“, пишува во реакцијата на ЗНМ.

Претходно, Здружението ја бојкотираше дебатата која се организираше во пресрет на посетите на високи европски функционери. Причината за бојкотот беше нерешената ситуација со исфрлањето на новинарите од Собранието и глумењето дебата заради дебата.

„Наместо владата да се зафати со санирање на штетите од инцидентот со новинарите, отиде уште еден чекор напред во дискредитација на дијалогот. Го врати на маса нацрт законот за медиуми кој сака да го донесе во многу кратки рокови и без сериозна дебата“, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани на редовното собрание на ЗНМ во саботата.
Синдикатот во овие две години од своето постоење водеше или сè уште води 20-тина случаи на незаконски отпуштања и други кршења на професионалните права на новинарите и затоа навистина одговорно тврдам дека судовите, ниту требаат, ниту можат, ниту ќе можат да ги применат овие законски одредби.

Во меѓувреме на маса за дебата со министерот Ивановски седна и Македонската асоцијацијата на новинари. Ивановски смета дека предлозите на МАН биле добра основа за понатамошно подобрување на текстот на законот.

„Морам да изразам мое големо задоволство што МАН како и пред првото објавување на нацрт предлог законот за медиуми многу детално ги разгледуваа сите членови и студиозно се посветија и би сакал да им се заблагодарам за оние забелешки што ги доставија на овој состанок.“

Брисел и продолжува да биде загрижен и за автоцензурата во медиумите, малите работнички права на новинарите, како и за тоа дека на јавноста и е ускратено правото да има пристап до медиумска објективно известување.

„Особено, за време на локалните избори во март, набљудувачите забележаа недостиг од избалансирано медиумско покривање од јавниот сервис и приватните телевизии“, стои во извештајот.

Главното прашање што се наметнува е дали во предлог законот за медиуми се нудат решенија за забелешките од европските извештаи кои се однесуваат на регулацијата на правата обврските на фелата.

Дел од решенија личат на добри, но дел од европските забелешки се решени со членови кои или се недефинирани со цел да бидат замка или, пак, воопшто ги нема како што е прашањето за владините реклами.

Претседателската на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис вели дека дел од понудените решенија наликуваат на класична лажалка со која прекумерно регулирање и заробување на слободната и критична мисла. Еден од таквите примери е дозволата за новинарот да искаже сопствен став и доколку тоа му биде оневозможено да има право да тужи а товарот за докажување да падне врз работодавецот.

„Но претходно новинарот кој бил отпуштен, деградиран или казнет, така пишува во законот, ќе мора со факти да го оправдува своето сомневање дека е онеправдан заради искажан став. Кој ќе ги вреднува тие факти? Зарем судот ќе утврдува дали одреден текст или став е пишуван според професионални стандарди? Синдикатот во овие две години од своето постоење водеше или сè уште води 20-тина случаи на незаконски отпуштања и други кршења на професионалните права на новинарите и затоа навистина одговорно тврдам дека судовите, ниту требаат, ниту можат, ниту ќе можат да ги применат овие законски одредби“, вели Чаусидис.

Последната јавна расправа за предлог верзија на Законот за медиуми ќе се одржи на крајот на мај.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG