Достапни линкови

Кери-засега не ги признаваме резултатите на изборите во Венецуела


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека САД се уште не се подготвени да ги признаат резултатите на претседателските избори во Венецуела и дека можеби гласовите треба да бидат пребројани. Според него, не се знае што ќе се случи во наредните недели и доколку има големи нерегуларности при гласањето, САД сериозно ќе се запрашаат во врска со одржливоста на владата. Но, Кери порача дека најпрвин треба да се направи проценката.
Наследникот на Уго Чавез, Николас Мадуро прогласи победа на изборите, но неговиот противкандидат Енрике Каприлес ги оспори резултатите.
XS
SM
MD
LG