Достапни линкови

logo-print

Потрошувачката кошница во Црна Гора 802 евра


Црногорскиот завод за статистика соопшти денеска дека вредноста на минималната потрошувачка кошничка во март изнесувала 802,2 евра. За храна и безалкохолни пијалоци потребни се 254,3 евра, за непрехранбени производи и услуги 352,9 , а за наемнина 195 евра.
Вредноста на минималната потрошувачка кошничка во однос на истиот месец минатата година е зголемена за два отсто. Според податоците на заводот просечната плата во Црна Гора без данок и придонеси во февруари изнесувала 485 евра.
XS
SM
MD
LG