Достапни линкови

Груевски-извештајот ги покажува правците за иден ангажман


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека пролетниот извештај на Европската комисија го нотира постигнатиот напредок, ги покажува правците за иден ангажман и дава надеж дека и натаму ќе имаме позитивни приближувања во евроинтегративниот процес. Запрашан дали во јуни очекува датум за почеток на преговорите, премиерот посочи дека Владата ќе продолжи со реформите, но оти треба да се почека извештајот.
Груевски порача дека тој се согласува со Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност дека е потребно брзо решавање на спорот со името. Но, според него за да се реши прашањето треба да се најде заедничко прифатливо решение за граѓаните и за Македонија.
XS
SM
MD
LG