Достапни линкови

logo-print

Во недела прегласување во Центар, Ѓорче и Струга


3

3

Во недела, на 21 април, вториот круг од локалните избори ќе се прегласува на 29 избирачки места во скопската општина Центар, на девет во Струга и во едно во скопската општина Ѓорче Петров. Втор круг од локалните избори ќе има во општина Долнени на 39 избирачки места.
Државната изборна комисија, на синоќешната седница констатираше дека Управниот суд прифатил тужби на СДСМ за четири гласачки места од различни скопски општини, но таму нема да се прегласува бидејќи тоа нема да влијае врз изборниот резултат за градоначалник на Скопје.
Во општина Центар на 29-те избирачки места, во избирачкиот список се запишани 22.939 гласачи, во Струга на деветте 7.885 и во Ѓорче Петров на избирачкото место 2.588 во Волково се запишани 1.320 гласачи.
XS
SM
MD
LG