Достапни линкови

Земјотресот во Иран, 34 загинати во Пакистан


Припадници на пакистанските безбедносни сили се распоредени да им помогнат на жртвите од вчерашниот силен земјотрес во кој загинаа 34 лица. Епицентарот на земјотресот со интензитет од 7,8 степени беше во југоисточен Иран, но сите загинати беа регистрирани во пакистанската погранична провинција Балочистан. Мобилизирани се и хеликоптери, кои ќе помагаат за транспорт на медицински екипи и друга помош до погодените области.
Во Иран, според досегашните информации, има 27 повредени.
САД изразија сочувство до семејствата на жртвите и им понудија помош на Иран и на Пакистан.
Земјотресот беше почувствуван дури во индискиот главен град Њу Делхи, како и во облакодерите во Дубаи.
XS
SM
MD
LG