Достапни линкови

logo-print

Пакистан: бомбашки напад на предизборен митинг, 9 загинати


Најмалку 9 лица загинаа а десетици се повредени во самоубиствениот бомбашки напад за време на предизборен митинг во северозападен Пакистан. Собирот кој се одржал вчера во Пешавар, бил во организација на секуларната Авами национална партија, во пресрет на изборите кои се закажани за 11 мај.
Претставник на пакистанските талибанци потврди дека тие ја преземаат одговорноста за нападот.
Авами е една од трите секуларистички партии што доминираа во последната пакистанска влада, која беше распуштена пред изборите.
Вчерашниот напад е четврти врз политичари или политички партии во последните три дена.
XS
SM
MD
LG