Достапни линкови

Погреб на Маргарет Тачер


Денеска во Лондон ќе биде погребана Маргарет Тачер, премиерка на Велика Британија во периодот од 1979 до 1990 година. Кралицата Елизабета и претставници на држави од целиот свет ќе присуствуваат на погребот на „челичната лејди“, која почина на 8 април на 87-годишна возраст. Се очекува на погребот, меѓу другите, да присуствуваат и тројца поранешни американски државни секретари- Хенри Кисинџер, Џорџ Шулц и Џејмс Бејкер.
Тачер беше првата и единствена жена-премиер во британската историја. Таа беше во блиски односи со поранешниот американски претседател Роналд Реган и ги поддржуваше САД во заливската војна во 1991-та. Нејзината економска политика на слободни пазари беше контроверзна и непопуларна кај многу Британци.
XS
SM
MD
LG