Достапни линкови

Одложено судењето на рускиот опозиционер Навални


Алексеј Навални

Алексеј Навални

Неколку минути по денешниот почеток на судскиот процес против Алексеј Навални, руски опозициски активист и антикорупциски блогер, тој беше одложен за 24 овој месец. Навални, една од најистакнатите фигури на опозицијата, е обвинет за проневера во врска со кражбата на 16 милиони рубли (околу 510 илјади долари) од една фирма за преработка на дрва во градот Киров, каде што тој работел за гувернерот на градот. 36-годишниот Навални, доколку биде осуден, се соочува со казна затвор до 10 години. Тој ги отфрла обвинувањата како политички прогон, чија цел е негово замолчување, со оглед на критикувањето на рускиот претседател Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG