Достапни линкови

Иванов-главен приоритет останува членството во ЕУ


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Евроинтеграциите на Македонија, пролетниот извештај на Европската комисија и очекувањата од претстојниот Самит на ЕУ, биле тема на денешните разговори во Скопје на претседателот Ѓорге Иванов со Кетрин Ештон, Висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика.
Во соопштението од кабинетот на Иванов се вели дека главен приоритет на Македонија останува почеток на преговорите за членство во ЕУ. Според Иванов, и покрај предизвиците Макеоднија постигнала добри резултати и земјата континуирано е посветена на реформските процеси, на промоцијата на добрососедските односи и напорите за надминување на отворените билатерални прашања. Иванов ги поздрави оценките од Извештајот истакнувајќи дека Македонија заслужува да добие позитивна одлука на јунскиот Совет.
XS
SM
MD
LG