Достапни линкови

ФБИ ги истражува трагите за нападот во Бостон


Експлозија на бостонскиот маратон

Експлозија на бостонскиот маратон

ФБИ соопшти дека ги следи бројните траги за бомбашкиот напад во кој загинаа три лица, а беа повредени повеќе од 50 на маратонот во Бостон. На брифингот со новинарите од организацијата наведоа дека се води истрага на неколку локации низ градот и дека не се лоцирани дополнителни закани. Истражителите прегледуваат аматерски видеа и фотографии кои можат да им дадат некаква трага за тоа кој го организирал нападот.
Гувернерот на Масачусетс Девал Патрик изјави дека неексплодирани бомби не биле пронајдени на местото. Секретарот за одбрана Чак Хејгл го нарече нападот суров акт на терор.
XS
SM
MD
LG