Достапни линкови

Прегласувањето ја разбранува Струга


Струга.

Струга.

По одлуката да има прегласување во Струга, кандидатот за градоначалник од ДПА Зиадин Села вели дека институциите ја нарушиле демократијата во Струга. А од ВМРО-ДПМНЕ се задоволни што во Струга ќе има прегласување.

Институциите направија се да се наруши демократијата во Струга обвини кандидатот за градоначалник за Струга на ДПА, Зиадин Села, откако Управниот суд донесе конечна одлука да има трет изборен круг и да се прегласува на вкупно 9 избирачки места каде бројот на избирачи е поголем од 7.000. Според Села, Управниот суд покажал дека бил на страната на Никола Груевски.
Јас ги повикувам граѓаните да не бидат дел од овие конструкции кои ги прави владата на Никола Груевски, бидејки изборите ќе поминат, а ние ќе си живееме заедно еден до друг.

„Управниот суд донесува одлука да се прегласува на 9 места. Ова е срамно и ова е злонамерно за граѓаните на Струга без разлика на етничката парипадност. Јас ги повикувам граѓаните да не бидат дел од овие конструкции кои ги прави владата на Никола Груевски, бидејки изборите ќе поминат, а ние ќе си живееме заедно еден до друг. Во избирачките места 1852, 1857, 1860 во Струга нема ниедна жалба од страна на набљудувачи, зошто се повторува таму треба некој да одговори?“, вели Села.
Зиадин Села.

Зиадин Села.


Села ја повикува меѓународната заедница да има засилен притисок за време на целиот изборен процес, додека на министрите кои во првите два изборни круга беа набљудувачите, дека местото не им било во Струга.
Управниот суд пресуди во полза на вистината. Се надевам на трет круг кога ќе има регуларни избори и каде ќе победи подобриот, но на регуларен начин.

Од ВМРО-ДПМНЕ се задоволни што во Струга ќе има прегласување. Претседателот на ОК, Перо Петковски вели дека со ова нерегуларностите во Струга излегле на виделина.

„Управниот суд пресуди во полза на вистината. Се надевам на трет круг кога ќе има регуларни избори и каде ќе победи подобриот, но на регуларен начин“, вели Петкоски.

Колумнистот од Струга и кандидат за градоначалник на изборите во Струга во 1995 година, Шпетим Положани оценува деца целата ситуација му наликува на политички пазар меѓу Груевски и Ахмети.

„Може ова да биде некој пазар на Али Ахмети со Груевски, за да Ахмети го добие Кичево, бидејки Ахмети без Кичево е на нула. Оваа влада е генератор на оваа криза која ќе се зголеми во иднина. Со овие поделби нема добро. Третото прегласување за мене е најголемата поделба во овој мој политички стаж од 1968 годину. Ние се познаваме во Струга со сите граѓани, како и да заврши ова, не е добро. И оваа е рана која многу тешко ќе се залечи“, вели Положани.
XS
SM
MD
LG