Достапни линкови

logo-print

Филе бара спроведување на договорот од 1 март


Европската комисија на својата веб страна го објави Специјалниот извештај за Македонија во кој е заклучено дека земјата направила прогрес во последниве шест месеци во речиси сите области. Предизвикот, како што се вели во извештајот е да се задржи моментумот и да се искористат можностите за продолжување на политичкиот дијалог за надминување на кризата.
Се препорачува политичкиот договор на 1 март целосно да се имплементира, односно формирање на Анкетна комисија, потпишување на Меморандум за членство во ЕУ и продолжување на дијалогот со новинарите.
Во извештајот е нотирано дека продолжило спроведувањето на реформите, односите со соседите останале добри и бил преземен чекор напред во билатерланите односи со Грција и Бугарија. Преговорите со Грција, според ЕК исто така имале нов моментум за време на подготовката на извештајот.
XS
SM
MD
LG