Достапни линкови

Попоски очекува ЕУ да потврди дека Македонија напредува


Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска изјави дека во очекување на објавувањето на извештајот на ЕК главниот фокус на неговите денешни средби во Стразбур биле за тоа колку е подготвена Македонија да ги отпочне преговорите со ЕУ. Тој порача дека најзначајно е да биде нотирано дека Македонија е подготвена за почеток на преговорите и превзема мерки за надминување на сите разлики што биле искористени, како преттекст за блокирање на почетокот на преговорите.
Попоски очекува повторно да биде потврден фактот дека Македонија остварува повисоко ниво на подготвеност, како по однос на реформите, така и во однос на засилувањето на добрососедските односи кон директните и индиректните соседи од нашиот регион.
XS
SM
MD
LG