Достапни линкови

Ештон-утре нова рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово


Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон

Кабинетот на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон потврди дека утре ќе се одржи деветата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина. Ештон, како што е наведено ги поканила премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи да дојдат со констуктивен дух и подготвени да разгледаат различни опции и да се договорат за взаемен компромис.
Ештон најави и дека утре ќе биде дефинитивен крај на дијалогот без разлика на неговиот исход.
XS
SM
MD
LG