Достапни линкови

Обама очекува нови провокации од Северна Кореја


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека очекува Северна Кореја во наредните недели да повлече уште провокативни потези. Говорејќи во интервју за телевизијата Ен Би Си тој рече дека неговата администрација не верува дека Пјонгјанг има капацитет да постави нуклеарна боева глава на балистички проектил.
Според Обама заклучокот е донесен врз основа на моменталните проценки на разузнавачките служби. Но, тој порача дека САД се подготвени на секоја ситуација.
XS
SM
MD
LG