Достапни линкови

Конгресменот Бентиволио член на групата на пријатели на Македонија


Конгресменот од Републиканската партија Кери Бентиволио е 18-тиот член на конгресната група пријатели на Македонија. Тој го преставува единаесетотто гласачко тело на Мичиген кое ги вклучува градовите Трој и Блумфилд Хилс, каде што живеат многу Американци со македонско потекло. Конгресменот Бентиволио служел во американската армија и националната гарда на Мичиген повеќе од 20 години и има работено во секторите на воената служба, бизнисот, автомобилскиот дизајн, недвижности, политички активизам и образование.
XS
SM
MD
LG