Достапни линкови

logo-print

Американски хеликоптер се урна кај границата со Северна Кореја


Американски хеликоптер се урнал во Јужна Кореја, во близина на границата со Северна Кореја. Официјален претставник соопшти дека никој од тричлениот екипаж не бил повреден. Соединетите држави и Јужна Кореја во минатиот месец започнаа заеднички воени вежби кои ќе траат до крајот на април. Тоа ги налути властите во Северна Кореја кои објавија дека нивни ракети биле насочени кон американските бази и оти се уште се во воена состојба со Јужна Кореја.
XS
SM
MD
LG