Достапни линкови

Северна Кореја и се закани со напади на Јужна Кореја


Вооружените сили на Северна Кореја денеска се заканија дека ќе извршат напад врз Јужна Кореја доколку „ анти-државничките активности кон неа“ не сопрат, јавува германската новинска агенција ДПА. За време на протестите во Сеул конзервативна група демонстранти го запали портретот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил, по што се вознемири Северна Кореја.
Во военото соопштение кое го пренесе државната новинска агенција е наведено дека палењето на портретот на лидерот е „грозоморен и непростлив чин “ и затоа врховната команда на корејската народна армија издаде ултиматум кон како што е наведено „јужнокорејската куклена група.“

Пјонгјанг бара извинување за анти- севернокорејските активности и најави дека доколку тоа не се случи, ќе преземе одмазнички мерки без предупредување. Северна Кореја вчера го прослави 101- та годишнина од раѓањето на Ким Ил Сунг основач на државата.
XS
SM
MD
LG